Дури 32% од граѓаните во земјава дале мито

t

Експерти и претставници на владини и невладини тела ги вкрстија аргументите до каде сме со справувањето со корупцијата. Властите тврдат дека работат на подобрување преку мерки за администрацијата и за јавниот сектор. Невладините критикуваат-дури 32 проценти од граѓаните дале мито. Според антикорупционерите, нема волја за остварување на антикорупциска стратегија, бидејќи едвај 20 проценти од неа е реализирана…

Повеќе од 30 проценти од граѓаните во земјава дале мито, покажале истражувањата-тврди првиот човек на невладината МЦМС, Кржаловски. Тоа е погубен податок за состојбите во земјава и тоа треба да биде спречено, вели директорот на оваа организација. Вицепремиерката за добро владеење смета дека тоа е можно преку соработката на институции од ланецот задолжен за сузбивање и санкционирање на сите оние кои го прекршуваат законот почнувајќи од ДКСК, МВР, Финансиска полиција, обвинителство, судство и други. Потребно е да се користат извештаите на Заводот за ревизија и да се трансформира администрацијата, вели Грковска.

Антикорупционерите критикуваа за малиот одговор од обвинителството на иницијативите, како и за злоупотребата на дискрециските права, но најголемиот проблем според нив е малата реализација на проектите од стратегијата, клучна за борба против корупцијата.

На маргините на конференцијата, министерот Тупанчевски одговорајќи на новинарско прашање разјасни дека не го прекршил етичкиот кодекс во врска со патувањето во Палермо каде тој, обвинителката Фетаи и судијата Нанев беа како навивачи за македонската репрезентација.

Сите информации коишто треба да бидат доставени до институциите кај што треба, веќе се доставени изјавил Тупанчевски додавајќи дека фактурата од агенцијата му била доставена на 24-ти пред натпреварот, кој беше на 25-ти и била подмирена на 28-ми, а рокот бил до наредниот четврток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Илон Маск го прозва Бајден поради американски…

Тоа е „сериозен проблем“ доколку Гонзало Лира…

ОЈО Скопје апелира да не се шират…

Основното јавно обвинителство Скопје повторно апелира во…

Каевски: Неучество во техничка Влада на ВМРО-ДПМНЕ,…

Евентуално неучество на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада…

Хантер Бајден го нападна Илон Маск

Синот на американскиот претседател го нарече милијардерот…

МНОГУ Е БЕЛО ВО „БЕЛАТА ПАЛАТА“! Соработникот…

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од…