Објавено на:

Еве зошто беше во Русија, Путин дозволил плаќање на гасот во евра? – Австрискиот канцелар добил гаранција од рускиот претседател

t

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на австрискиот канцелар Карл Нехамер при средбата оваа недела дека снабдувањето со гас на Австрија од Русија е сигурно и дека државата и натаму може да плаќа во евра, пренесува агенцијата АПА.

„Путин рече дека снабдувањето со гас е обезбедено, дека Русија ќе ја испорача количината утврдена со договорот и дека исплатата може да остане во евра“, рече Нехамер во интервјуто за националната новинска агенција АПА.

Нехамер во понеделникот се сретна со Путин во близина на Москва и досега не зборуваше јавно за безбедноста на снабдувањето со гас на Австрија.

Австрија добива 80 отсто од природниот гас од Русија и се противи на тоа Европската Унија веднаш да воведе ембарго на испораката на рускиот гас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Само две недели не делат, ќе…

Носителот на листа на кандидати за пратеници…

ДПИ потсетува: Изборните денови 24 април и…

Денот на одржување на претседателските избори, 24…

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го…

Претседателката на Горниот дом на рускиот парламент…

До четврток облачно со дожд, од петок…

Во следните два дена ќе преовладува променливо…

Со лични документи истечени од 24 јули…

Согласно преодната одредба од измените на Изборниот…