Еве кои европски лидери му го дадоа признанието на Николоски – силна порака од ЕУ против актуелната власт

t

Сериозна главоболка за власта претставува тоа што потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски влезе во групата на 40 највлијателни личности во Европа кои имаат под 40 години. Европскиот естаблишмент, со овој потег испраќа порака дека корупцијата ќе биде клучен фактор за рушење на власта на Ковачевски.

Актуелни и поранешни премиери и претседатели на земји членки од ЕУ, актуелни и поранешни високи функционери на Европската Унија, врвни европски универзитетски професори и интелектуалци, европски парламентарци – ја сочинуваат организацијата „Friends od Europe”, која минатата недела му даде признание на потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој влезе на листата на 40 највлијателни луѓе во Европа кои имаат под 40 години.

Жан Клод Јункер, Херман Ван Ромпуи, Хавиер Солана, Колинда Грабар Китаровиќ, Карл Билд, премиерот на Белгија Александер Де Кро, премиерот на Луксембург Хавиер Бател, Тања Фајон, Федерика Могерини, Јап Де хоп Шефер – се само мал дел од членовите на одборот на оваа влијателна европска организација која му додели признание на вториот човек на опозицијата. Целата листа на членови на одборот на „Friends od Europe”, ја сочинуваат уште десетици врвни европски функционери и интелектуалци и истата може да се погледне на следниот линк.

Признанието кое го доби Николоски, во секој случај претставува силна порака во кој правец ќе се движи Македонија, но и силна порака кон актуелната власт за тоа која страна е поддржана од страна на Европската Унија. Една од главните причини поради кои потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја добива оваа награда е тоа што во изминатите години тој беше најистакнатиот опозиционер во борбата против корупцијата во Македонија.

– Корупцијата е основна причина зашто младите ја напуштаат Македонија и регионот, корупцијата ја јаде економија и ја уништува демократијата, затоа мора силно да се бориме со неа. Покрај мене оваа година дел од 40 највлијателни личности под 40 години во Европа се и Михаел Шимечка – потпретседател на Европскиот парламент, Михаи Данила – потпретседател на најголемиот инвестициски фонд во светот Блек Рок, Катинка Хосу – пливачка која има три олимписки златни медали и вкупно 96 медали во кариерата, Томс Јурјевс – основач и директор на Сан Фајнанс груп која обезбедува преку 1,2 милијарди евра во кредити на мали корисници и други успешни млади лидери од Европа. Во изминатите речиси две децении голем дел од највлијателните и најталентирани личности во Европа биле дел од оваа програма и нивната воспоставена комуникација има силно влијание во Европа. Благодарам за изборот и одиме напред за доброто на Македонија, истакна Николоски по повод добивањети на ова признание.

„Friends of Europe!“ е една од највлијателните организации во Европа која работи на креирање на европските политики. Организацијата има експертиза во климатск политики, енергетика и одржливост, дигитализација, безбедност одбрана и мир и здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж починал во амбулатно возило кое го…

Австриските медиуми јавуваат за скандалозен случај при…

Огласи на албански јазик за новите згради…

„Никнуваат“ нови згради но и огласи на…

(Видео) Јакимовски: За идентитетот и јазикот нема…

За идентитетот и јазикот нема со никого…

Хоспитализирани уште девет лица со голема кашлица,…

Пријавени се 50 нови случаи на голема…

Новак Ѓоковиќ проговори за Данка: „Нѐ соедини…

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, сподели…