Екс амбасадорот во Софија, Ѓорчев: МАНУ и УКИМ да се вклучат во решението за спорот со Бугарија

t

Поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев, во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 вчера потенцираше дека Бугарија развила широка општествена дебата со вклучување на интелектуалците, Академијата на науките и медиумите и дека ги дефинирала црвените линии со Македонија, додека, пак, ние, како што рече, не ја проценивме добро ситуацијата и не сфативме дека треба да го сториме истото.

– Ние не ја проценивме добро ситуацијата дека истото треба да го направиме. Потоа дојде освестувањето кога почнавме да се престројуваме и да бараме модус како да се најде излез, оти се виде дека Бугарија ќе нè блокира и тука се пренасочи фокусот на нашата политичка акција на една рамнотежна состојба. Бугарите тоа го видоа и бугарските претставници создадоа амбиент во кој воочија дека нивниот приод кон Македонија е нецивилизациски. Тој дијалог мора да продолжи, иако ние не се познаваме добро, само сме блиску еден до друг. Идејата за проширување на дијалогот е добра – рече Ѓорчев.

Според него, потребно е сега да се оствари една поширока дебата за спорот со Бугарија, а во која ќе бидат вклучени повеќе важни институции и личности од земјава.

– МАНУ и УКИМ треба да се вклучат во дебатата и тоа треба да биде преку Собранието. Исто така треба да се вклучи и Сојузот на писатели, односно луѓе кои се важни чинители во македонското општество. Тоа го дозволува нашиот Устав. Можеме да зборуваме отворено и искрено – истакна Ѓорчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен се умилкува: ЕУ сакала…

ЕУ не ја гледа Кина само како…

Д-р Колевска: Откриен е тест со кој…

„Сега имаме најнова имунотерапија, со која се…

Бајден се плаши!? Не дозволувајте да победи…

Бајден го одржа говорот додека САД планираат…

Интер го декласира Удинезе и се врати…

Фудбалерите на Интер одиграа феноменално и вчера,…

Македонија ЃП: Време е за оставки!

Сè уште не се смируваат страстите по…