Објавено на:

Електричното летало „Алиа“ прелета повеќе од 2.200 километри

t

Електричното летало „алиа“, произведено од компанијата „Бета текнолоџис“, прелета 2.258 километри. „алиа“ полета од меѓународниот аеродром „Платсбург“ во Њујорк, а крајната дестинација беше Бентонвил, Арканзас. На патувањето имаше неколку постојки, а вкупното растојание беше 2.258 километри. Тестот беше спроведен од 23 до 30 мај.


Овој лет го промени погледот на електричните летала, бидејќи вниманието е насочено не само на такси-услугите туку и на подолгите патувања.


Она што го прави ова летало посебно е импресивната мрежа за полнење. „Бета текнолоџис“ дизајнира мрежа на полначи што е основа на електричниот транспорт. Полначите се безбедни и брзи и можат да полнат авиони на земја и во воздух. Тие лесно се интегрираат во постојната транспортна инфраструктура во која било средина. Во моментов има 60 локации во функција или во изградба и тие го отвораат патот за мрежа на полначи подготвена да поддржува нови и постојни начини на електричен транспорт.


Адаптивните полначи може да се инсталираат како самостојни инсталации или да се интегрираат во дистрибутивните центри. Постои можност за користење на постојната сончева енергија и складирана енергија, а системите се одржливи, сигурни и наменски изградени за поддршка на мултимодален електричен транспортен систем.


Од полнење на флотата, преку приватни хангари до индивидуално полнење, компанијата тврди дека има решение што одговара за секој оператор.
„Алиа“ се развива веќе три години, сѐ започна со скица, дизајнирана е според основните принципи за летови, а може да полетува и да слетува вертикално и да лета на подолги патувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричното летало „Алиа“ прелета повеќе од 2.200…

Електричното летало „алиа“, произведено од компанијата „Бета…