Објавено на:

Зеленски: Да имавме повеќе оружје ќе победевме до сега

t

Зеленски објаснил и дека е засилен интензитетот на рускиот оган во Харков и во Донбас, дури и врз цивилното население. Претседателот Зеленски изјави дека Украина веќе би ја завршила војната кога би имала пристап до подобро оружје.

„Да имавме пристап до целото оружје што ни треба, кое го имаат нашите партнери и кое е споредливо со оружјето што го користи Руската Федерација, ние веќе ќе ја завршевме оваа војна. Мирот ќе беше вратен и ќе ја ослободивме нашата територија од окупаторите. Затоа што супериорноста на украинската војска во тактиката и мудроста е сосема очигледна. Неправедно е што Украина сè уште е принудена да го бара она што нејзините партнери го складираат некаде со години. Помогнете да се спасат животите на илјадници Украинци“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.

Портпаролот на украинскиот Генералштаб изјави дека Русија продолжува со офанзивата на различни локации на исток.

„Сè уште постои закана од ракетни и бомби од руски авиони врз цели на територијата на Украина користејќи ја територијата, мрежата на аеродромите и воздушниот простор на Република Белорусија“, Олександр Штупун, портпарол на Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Руското Министерство за одбрана им постави нов ултиматум на украинските сили во Азовстал. Се предлага борците на националистичките баталјони и странските платеници да ги прекинат воените операции од 14 часот по московско време и да го положат оружјето. Се наведува дека ниту еден украински војник не ја прифатил понудата.

Украинците постепено се враќаат во своите домови во северна и источна Украина.

„Еден сосед ми рече дека нема повеќе прозорци во нашата куќа. Има дупка на покривот. Ми рече дека има дури и шрапнели во градината. Навистина е страшно, но сакам да си одам дома во мојот град“, вели украинска бегалка.

Официјален Киев соопшти дека бил постигнат прелиминарен договор со Русија за хуманитарен коридор за евакуација на жените, децата и постарите лица од Мариупол. Властите се надеваат дека ќе евакуираат околу 6.000 луѓе. Претходниот договор за воспоставување безбеден коридор за евакуација на цивилите од Мариупол пропадна на 5-ти март. Оттогаш, повторените обиди за создавање хуманитарен коридор не беа успешни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ вели дека оваа влада ги зголемила…

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за…

Израел тврди дека има ракетен напад, Иран…

Беспилотни летала беа „успешно соборени“ од иранската…

МОН ги известил училиштата дека неработните денови…

Министерството за образование и наука со допис…

Падна еден од групата несмасни крадци: Откриена…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…