Објавено на:

Зеленски: Мир со Русија може да биде постигнат само со наша победа на бојното поле во Украина

t

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека единствениот услов под кој е можно да се постигне мир со Русија е победа на бојното поле во земјата, пренесе агенцијата УНИАН, повикувајќи се на неговата изјава за време на посетата на селото Јагодно во областа Чернихивска.

-На кој начин може да се постигне мир со Русија? Само со победа на бојното поле во нашата земја ….. да се запре Руската Федерација, рече Зеленски.

Според него, во спротивно, по Украина, Русија ќе тргне кон Европа.

-Веќе можете да го видите резултатот од тоа што окупаторите им го прават на градовите во нашата земја, кажа украинскиот претседател.

Зеленски истакна дека за да ја постигне оваа цел, на Украина и треба се што нејзините партнери имаат и можат да обезбедат како помош во оружје и муниција. Тој изрази благодарност до сите партнери за веќе дадената поддршка, која ќе помогне да се спасат животите на Украинците.

Претседателот Зеленски престојуваше во селото Јагодно, во северниот украински регион Чернихив, за да им оддаде почит на храброста на речиси 400-те жители кои Русите ги држеа 27 дена во подрум од локално училиште, пред да бидат ослободени, јавија британските медиуми.

Зеленски во посетата на Јагодно беше придружуван од германскиот вицеканцелар Роберт Хабек и генералниот секретар на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ-Буриќ.

Во текот на изминатите две недели, Зеленски посети неколку локации на фронтот во Украина. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Подобро да бидам најлошиот на светот,…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска од…

Балканските музички ѕвезди се простуваат од Џаро:…

На 75-годишна возраст почина Велибор Џаровски Џаро,…

Орбан: Се ближи крај на либералната западна…

Оваа година може да биде крајот на…

Полска не се откажува од барањето за…

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски во…

САД ѝ испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…