Објавено на:

Зеленски: Половина милион Украинци илегално однесени во Русија

t

Половина милион Украинци се илегално однесени во Русија или на други места против нивна волја, изјави денеска украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Зборувајќи за грчката државна телевизија ЕРТ, Зеленски истакна дека преостанатите цивили во фабриката Азовстал во градот Мариупол се плашат да се качат во автобуси, бидејќи веруваат дека ќе бидат однесени во Русија, пренесува АП.

Обединетите нации почнаа да ги евакуираат цивилите од фабриката, а Зеленски вели дека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го уверил дека евакуираните ќе бидат префрлени во област контролирана од украинската влада.

„Сакаме да веруваме во ова“, изјавил украинскиот претседател, пренесува американската агенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија ја отфрли жалбата на американскиот новинар…

Московски суд денеска ја отфрли жалбата на…

Уште еден западен воен брод се повлекува…

Уште еден воен брод на западната коалиција…

На денот на изборите ќе имаме сонце…

Променливо облачно со сончеви периоди и потопло.…

17 годишно дете од Шаховскиот клуб “ПРИЛЕП”,…

17-годишниот Индиец, Домарају Гукеш, ќе се бори…

Даштевски: Целосно сме подготвени за утрешните претседателски…

Државната изборна комисија (ДИК) е целосно подготвена…