Објавено на:

Зеленски: Русија ќе загуби затоа што злото секогаш губи

t

Во пресрет на Денот на победата, претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека Русија „заборавила на сè што им било важно на победниците во Втората светска војна“.

Тој нагласи дека целиот слободен свет може да види дека Украина е „страната на доброто во оваа војна“, а Русија „ќе изгуби затоа што злото секогаш губи“.

Како што пренесува Би-Би-Си, западните лидери, исто така, го искористија Денот на победата за уште еднаш да ги осудат акциите на Русија во Украина.

Канадскиот премиер Џастин Трудо, кој беше во посета на Украина изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „оди против вредностите за кои толку многу луѓе се бореа и загинаа“.

И лидерите на Г7 рекоа дека постапките на Путин донеле „срам за Русија и историските жртви на нејзиниот народ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+Видео) Убиецот на малата Данка Илиќ донесен…

Осомничениот за смртта на Данка Илиќ (2),…

Зеленски повика на зајакнување на воздушната одбрана…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја истакна…

МОНСТРУОЗНО: Вака зборуваа таткото и братот на…

Радослав (73) и Далибор Драгијевиќ (40), таткото…

Ги демантираме лажните наводи на ВМРО-ДПМНЕ, ќе…

Најрешително ги демантираме лажните наводи изнесени на…