Објавено на:

Зеленски: Руските сили не престанаа да ја гранатираат фабриката за челик Азовстал

t

Има многу ранети борци, но тие не се предаваат. Тие ги држат своите позиции. Во тек е нов обид за евакуација на цивили од челичарницата во Мариупол во организација на ОН, соопшти генералниот секретар Антонио Гутереш. Тој изрази надеж дека континуираната координација помеѓу Москва и Киев ќе овозможи уште повеќе хуманитарни прекини на огнот за да се овозможи безбедно минување на цивилите. „Мораме да продолжиме да правиме се што можеме за да ги извлечеме„, истакна Гутереш.

До сега речиси 500 луѓе се евакуирани од Заедничката операција на ОН и Црвениот крст од Азовстал, Мариупол и околните области, евакуацијата ја извршија два хуманитарни конвои, напитша Гутереш на Твитер.

Челичарницата во Мариупол е последниот дел од јужниот град кој сè уште е во рацете на украинските војници. вчера рускиот претседател владимир путин изјави дека руските сили се подготвени да понудат безбеден премин на цивилите тој, исто така, кажа дека украина треба да им нареди на своите борци да го спуштат оружјето и да се предадат. украинскиот претседател володимир зеленски во своето ноќно обраќање предупреди дека руските сили не престанале да ја гранатираат фабриката за челик азовстал и оти жени, многу деца остануваат таму.

„Има многу ранети борци, но тие не се предаваат. Тие ги држат своите позиции. Нападот на челичарницата „Азовстал“ ја спречува евакуацијата на преостанатите цивили. Само замислете го овој пекол! Таму има и деца. Повеќе од два месеци постојано гранатирање, бомбардирање, смрт!“ рече Зеленски во вчерашното обраќање.

Зеленски, исто така, рече дека има недостаток на пристап до медицински услуги и лекови во областите на земјата под руска окупација и дека руските војници уништиле или оштетиле речиси 400 здравствени установи во украина.

Од Стејт департментот изразија сомневање за прекин на огнот, бидејќи Москва досега ги прекршила таквите најави. Повеќе американски медиуми јавуваат дека сад и помогнале на украинската војска да таргетира и убие неколку руски генерали. извештаите, исто така, велат дека американското разузнавање и помогнало на украина да го потопи рускиот воен брод „москва“. Пентагон негираше дека дал разузнавачки информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…