Објавено на:

Зеленски се збoгува со борците на „Азов“: Призна дека украинската армија нема сила да ги ослободи опколените

t

Претседателот на Украина, Вoлoдимир Зеленски, јавно призна дека украинската армија нема сили да го деблокира Мариупол и да ги ослободи преостанатите војници кои се кријат во челичарницата „Азовстал“. На тој начин се испоставува дека украинските борци и припадниците на националистичкиот баталјон „Азов“, кои се наоѓаат во подземите простории на металуршките погони во Мариупол добиваа лажни ветувања дека ќе добијат помош и дека властите во Киев ќе направат се за да ги извадат, а тие треба „само да издржат уште малку“.

Сепак, наместо да помогне, раководството во Киев им додели одликувања, за на крајот да признаат дека не можат да ги вратат изгубените позиции со воени средства. Во Киев се правдаат дека немаат доволно тешко оружје за да можат да ги пориснат руските сили од пристанишниот град на Азовското Море.

Мариупол е под руска контрола од средината на април, а преостанатите украински војници во фабриката за челик се опколени во неколку обрачи од единиците на Народната Република Доњецк, помогнати од руските сили и чеченските борци.

Зеленски сега изјави дека единствен начин за ослободување на ранетите и преостанатите украински војници во „Азовстал“ се дипломатските преговори.

Киев веќе загуби еден адут кога последните цивили го напуштија „Азовстал“ во неделата. До неодамна во Киев повторуваа дека во подземните ходници на челичарницата има повеќе од илјада деца и жени, а се покажа дека ги има најмногу околу 300.

По евакуацијата на цивилите, од Киев повторно ја актуализираат приказната дека околу 500 беспомошни луѓе останале во импровизираната болница за ранети во подземјето на „Азовстал“, барајќи дипломатски напори за нивно спасување. Во меѓувреме, нема коментар точно колку странски платеници има меѓу украинските сили што се останати во „Азовстал“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…