Изјавата на Села не е доволна за обвинителството: Го повикаа да достави докази за копањето криптовалути

t

Основното јавно обвинителство (ОЈО) го повика лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, доколку поседува докази кои се поврзани со неговата изјава дека во некои училишта кои ги раководат кадри на ДУИ се копаат криптовалути, да ги достави до нив.

– Секој што поседува докази за сторено кривично дело, тоа треба да го пријави до надлежните органи. Јавното обвинителство, согласно своите законски надлежности, ги следи сите информации и ќе поведе постапка доколку се обезбедат докази кои упатуваат на сторено кривично дело – ни одговорија од ОЈО.

Сепак, на нашето прашање до ОЈО зошто не се започнува постапка по допрен глас, не добивме никаков одговор, иако со самата изјава на Села, како и со нашето прашање до нив, но и написите во медиумите, обвинителството може да отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител може да даде повеќе наредби за прибирање на потребната документација, а по кои наредби ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство.

Инаку вчера лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, гостуваше во дебатната емисија, „Клик плус“, на ТВ21 и кажа дека во некои училишта кои ги раководат кадри на ДУИ, се копаат криптовалути.

– Имам информации дека во училишта кои се раководени од ДУИ се копаат криптовалути, каде е полицијата и што преземаат институциите – посочи тој.

До Министерството за внатрешни работи го поставивме истото прашање, односно дали се преземаат некои истраги поврзани со изјавата на Зијадин Села, но до објавувањето на веста не добивме никаков одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон размислува за започнување на војна против…

Пентагон размислува за одлуката да се вовлече…

Холандија е пред формирање на влада преку…

Во Холандија е можно формирање на владина…

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…

Еве како ќе изгледа парламентот на Србија…

Според 50 отсто обработени избирачки места, листата…

Масакар во Мексико, 12 лица убиени на…

Вооружени напаѓачи убија 12 лица во неделата…