Објавено на:

Имат снемано: Врховниот командант на вооружените сили на Украина бара на земјата итно да и се прати оружје

t

Руските сили синоќа ги засилија нападите врз Украина, особено на истокот на земјата, каде се очекува голема руска офанзива. Во текот на ноќта три региони биле особено силно гранатирани – Харков, Доњецк и Луганск, наведуваат украински извори.

Освен тоа, Русите рано утринава нападнаа фабрика за оклопни возила во предградието на Киев, соопшти руското Министерство за одбрана. Експлозии се слушнаа и во Лавов во западна Украина. Според Украинците, Русите истрелале неколку проектили од авионот Су-35, кои биле соборени од украинската воздушна одбрана кај Лавов.

Украинците објавија дека одбиле 10 руски напади во Доњецк и Луганск, региони на исток каде се очекуваат најжестоки борби кога ќе започне големата руска офанзива.

Си-Ен-Ен информира дека интензивирањето на нападите може да значи подготовка за голема офанзива во источниот дел на земјата.

Командантот на украинската армија генерал Валериј Жалузниј изјави дека вчера разговарал со командантот на американската армија генерал Марк Мили.

Според Жалузниj, тие разговарале за „жестоките борби на границата на регионите Харков и Изјум, одбивањето на руската офанзива во Луганск и Доњецк, критичната ситуација околу опколениот и разурнат Мариупол и ракетните напади низ Украина“.

-Уште еднаш ја истакнав итната потреба на вооружените сили на Украина од оружје и муниција, кои ни се потребни за да ги зајакнеме нашите одбранбени капацитети, рече врховниот командант на вооружените сили на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање…

Во планинските подрачја утре ќе има краткотраен…

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку…

Украина наскоро ќе престане да постои доколку…

Хаос во Ерменија: На протестот за разграничување…

Ерменската полиција приведе до 100 демонстранти кои…

Џафери – Лапсли: Македонија е ценета членка…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат…

Таткото на Вања со нова жалба пред…

Врховниот суд денеска одржа јавна седница по…