Инфективната клиника повторно отворена за пациентите

t

Заврши неколкунеделното чистење и обнова на дел од опремата во Клиниката за инфективни болести. Од денеска таа е отворена за пациенти.

Во амбулантите имаше пациенти, но никој од нив не беше со ковид. На првиот работен ден немаше ниту еден пациент со ковид. Ова е катот каде лежеа најтешките случаи со ковид, пацинети кои со недели беа зависни од кислород. Денеска сите соби беа празни. Директорката на клиниката вели дека чистењето и обнвувањето на системто за кислород и дел од опремата мора да бидат подготвени секогаш.

Директорката на клиниката вели дека од денеска се враќа персоналот со план за лекување на ковид пациенти и за лекување на пациенти кои не се со ковид.

Доктор Стевановиќ вели дека иако во моментов бројот на заразени е многу низок, со лесна симптоматологија сепак вирусот не се знае како ќе продолжи со мутациите и она што е потребно е да се вакцинира населението. Таа е посебно загрижена што има голем пад на вакцинација кај деца и очекуваат да има нови епидемии како пред три години со морибили.

За две години колку трае пандемијата во оваа болница имало 47 илјади пациенти кои биле амбулантски прегледани и хоспитализирани. Според пресметките лекувањето на тежок пациент чинело и до пет илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Њујорк тајмс: Нетанјаху го откажа итниот одмазднички…

Американскиот претседател Џо Бајден го одврати израелскиот…

„Мицкоски сака да биде и претседател и…

Никогаш не сум помилувал и нема да…

(Фото+Видео) Срдечен поздрав меѓу Пендаровски и симпатизери…

Денеска претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше во…

Фудбалер на Рома доби срцев удар, мечот…

Дефанзивецот на Рома, Еван Ендика беше однесен…

Најмалку 44 оперативци на Мосад загинале во…

Најмалку 44 оперативци на израелската тајна служба…