Исполнети условите: Регулаторна денес ќе носи нова одлука за цената на горивата

t

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ. Како што информираат од РКЕ, исполнети се предусловите за носење нова одлука.

-Предусловите се исполнети, РКЕ ќе одржи седница на која ќе донесе соодветна одлука за цената на нафтените деривати, изјави Марина Узунов, портпарол на РКЕ.

Цените на горивата се носат врз основа на изменетиот Правилник за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати со кој РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на горивата доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката се зема просекот од претходните петдневни котации на берзата за секој нафтен дериват одделно и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со лични документи истечени од 24 јули…

Согласно преодната одредба од измените на Изборниот…

Курти: Во Македонија го слават како антикорупционер,…

Сериозни проблеми со независноста на судството; сериозни…

942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори,…

Над 900 набљудувачи, странски новинари и преведувачи…

Швајцарија замрзна руски имот вреден 5,8 милијарди…

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од…

Украден сеф од објект во Карпош!

Украден сеф од продавница во скопски Карпош,…