Објавено на:

И Ким се јави: Северна Кореја го истрела најмоќниот проектил од 2017-та

t

Северна Кореја во неделата го тестираше својот најмоќен проектил од 2017 година, што беше рекордното седмо лансирање во јануари, поради што Јужна Кореја предупреди дека следниот чекор на Пјонгјанг би можело да биде тестирање ракета со долг дострел и нуклеарно оружје.

Северна Кореја никогаш досега не лансирал толку проектили во еден календарски месец, а минатата седмица се закани дека ќе се откаже од речиси петгодишниот самонаметнат мораториум на тестирање на проектили со долг дострел и нуклеарно оружје.

Имајќи предвид дека преговорите за денуклеаризација на Корејскиот полуостров со САД, Северна Кореја ги удвоила напорите да го оствари ветувањето на водачот Ком Џонг-ун дека ќе ги модернизира вооружените сили, а Пјонгјанг покажува пркос и покрај големите децениски меѓународни санкции.

Јужна Кореја објави во неделата дека се чини дека Северна Кореја следела „сличен образец“ како и во 2017 година, кога тензиите на полуостровот беа на врвот и предупредија дека Пјонгјанг наскоро би можел да започне со тестирањето на нуклеарни и интерконтинентални проектили.

„Северна Кореја се приближи до уништувањето на декларацијата за мораториумот“, соопшти јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, а јужнокорејската армија објави дека „забележала балистичка ракета со среден дострел истрелана под висок агол источно кон Источното Море“.

Портпаролот на јапонската влада, Хироказу Матсуно, во неделата рече дека балистичката ракета била со „среден или поголем дострел“.

„Максималната брзина на ракетаа тестирана во неделаа била приближно М=16, односно речиси 16 пати поголема од брзината на звукот. Разузнавачките агенции на Јужна Кореја и САД веруваат дека станува збор за балистичка ракета со среден дострел“, изјвил за новинарите во Сеул информиран извор од јужнокорејската восјка кој сакал да остане анонимен, пренесе агенцијата Yonhap.

Нагорната траекторија вклучува истрелување на проектил под голем агол, а не со полн дострел. Се преоценува дека оваа балистичка рекета достигнала максимална височина од 2.000 километри и летела околу 800 километри половина час, според процените на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Тоа укажува на тоа дека Пјонгјанг можеби ја тестирал својата „прва балистичка ракета со среден дострел (IRBM) од 2017 година“, напиша на Twitter Џозеф Демпси, аналитичар на Меѓународнито институт за стратешки студии.

Последен пат Пјонгјанг тестираше таква ракета во 2017 година, кога „Хвасонг-12“ прелета 787 километри, а се искачи на височина од 2.111 километри. Аналитичарите тогаш оценија дека траекторијата упатува на тоа дека проектилот би можел да прелета околу 4.500 километри доколку бил истрелан на балистичка траекторија која го зголемува дострелот, а со тоа стратешката американска пацифичка база на Гуам би била во дострелот.

Северна Кореја во јануари двапати тестираше и хиперсонични проектили и четири пати лансираше блаистички и крстосувачки проектили со кус дострел. Тамошните државни медиуми минатата седмица објавија фотографии од Ким во обиколка на „важна“ фабрика за муниција којашто произведува „голем систем на оружје“.

„Ким го контролираше својот апетит за тестирање и провокации. Но времето созреа, а продолжувањето на севернокорејското истрелување ракети претставува само уште еден предизвик во веќе и онака големата палета надворешнополитички предизвици за Вашингтон“, вели за AFP, Су Ким, аналитичарка на „RAND Corporation“.

„Намерата на овие тестирања е и да го потстети светот дека режимот на Ким ги слуша надворешните дискусии за своите домашни слабости. Сака да ги потсети Вашингтон и Сеул дека би бил прескап обидот за негово соборување“, вели Лејф Исли, професор од Универзитетот Ихва.

Серијата лансирање на самиот почеток од 2022 година се одвива во деликатен момент за регионот. Единствениот и главниот сојузник на изолираната Северан Кореја, Кина ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри на почетокот од февруари, додека Јужна Кореја се подготвува за претседателските избори во март.

На домашен план, пак, Северна Кореја во февраури се подготвува да ја прослави 80-годишнината од лидер Ким Џонг Ил, таткото на Ким Џонг-ун, како и 110-годишнината од раѓањето на основачот на комунистичката земја Ким Ил Сунг, неговиот дедо, во април.

Како одговор на написите во странските медиуми за сѐ поголемите цени на храната и сѐ поголемата глад, економски руинираниот од меѓународните санкции Пјонгјанг неодмана повторни ја започна прекуграничната трговија со соседна Кина. Сојузникот Пекинг, со поддршка на Русија, во јануари блокираа во Советот за безбедност на ОН воведување дополнителни санкци за Северна Кореја поради хуманитарни причини, поради неодамнешните тестирања проектили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлацијата се намалува на хартија, цените за…

Инфлацијата годинава ќе биде на ниво од…

Блумберг: На Европа и се заканува недостиг…

Временските катастрофи и забрзаните климатски промени редовно…

„СИТЕ ЌЕ ГИ УБИЕМЕ, НЕ СЕ ГРИЖЕТЕ“:…

Станува збор за специјалисти за артилериско извидување…

Норвешката министерка за здравство поднесе оставка поради…

Министерката за здравство на Норвешка, Ингвилд Кјеркол…

20-годишник од Кочани со пиштол и нож…

Млад маж од Кочани се движел со…