И Куманово во cepиозна енергетска kpиза

t

Енергетската криза во земјава станува закана за работењето на претпријатијата во Куманово. Претпријатието “Чистота и Зеленило“привремено го затвори градскиот базен поради сметката за струја која може да достигне и до 50 илјади евра со што се загрозува работењето на претпријатието чија главна дејност е одржување на хигиената во градот.

Базенот во Куманово ќе биде затворен се до изнаоѓање решение или додека се намали цената на електричната енергија. Од друга страна, и претпријатието Водовод од Куманово се соочува со големи финансиски трошоци поради енергетската криза. Директорот Оливер Стојмановски истакнува дека сметката за струја ќе биде 7 пати повисока а за јануари се очекува да достигне 140 илјади евра.

За проблемот се алармирани надлежните институции од каде велат дека се во преговори за наоѓање решение. Стојмановски објасни дека имаат тешкотии за плаќање на струјата бидејќи претпријатието е блокирано и работи со неопходните средства.

И основните и средни училишта во Куманово исто така се во опасност да останат без струја доколку продолжат да паѓаат тендерите за снабдување со електрична енергија. Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска за ТВ21 вели дека ситуацијата е загрижувачка и дека треба да се размислува и за алтернативни решенија за обезбедување електрична енергија.

„Тендерите се објавуваат а никој не се пријавува поради недостигот од електрична енергија на пазарот и непредвидливоста на цената на струјата. Општината и Советот ќе постапат за инвестирање и обезбедување обновливи извори.“, вели Ивана Ѓорѓиевска, претседател на Советот на Општина Куманово.

Инаку високите сметки се очекува да влијаат и на инвестициите бидејќи предвидени парични средства за инвестиции ќе се потрошат за плаќање струја.

Извор: ТВ 21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање…

Во планинските подрачја утре ќе има краткотраен…

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку…

Украина наскоро ќе престане да постои доколку…

Хаос во Ерменија: На протестот за разграничување…

Ерменската полиција приведе до 100 демонстранти кои…

Џафери – Лапсли: Македонија е ценета членка…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат…

Таткото на Вања со нова жалба пред…

Врховниот суд денеска одржа јавна седница по…