И на Шанац му пукна филмот: Ако ја нема Македонија ќе нема мир!

t

Не сум во Македонија и душата ми се кине што не можам да бидам заедно со сите Вас прекрасни, чесни и храбри луѓе кои искрено ја сакате Македонија , но ја имате мојата најсилна поддршка.

Тагата не собира а болката не обединува!

Таа тага и болка не можат да ги разберат само оние кои во ова време на распарчување на Македонија сакаат да земат дел од неа. Да отуѓат од нас, од нашите деца и внуци.

И погледнете колку се обединети во таа намера, иако не се поднесуваат и меѓу себе би се изеле кој да земе поголемо парче. Не им е битно кој кому се моли, кој во што верува, кој кого мрази, каква музика слуша и колку редовно се бања.

Исто така треба да и Ние да се обединиме! И повеќе. На улиците треба да потечат реки од народ. Сто иљади, двеста иљади, и повеќе.

Половина милион Македонци на мирен протест во одбрана на Македонија! Сите во одбрана на Македонија!

Нема сила што може да се спротивстави на толкав народ. Нема, затоа што знае дека ќе биде раскинат ако проба да го тепа и напаѓа. Раскинат. А провокаторите и уфрлените нема ни да се појават, верувајте. Тогаш ќе паднат штитовите и полицијата ќе застане на страна на народот.

За жал живееме во време во кое повторно се фрла “напалм” врз Македонците, им се одзема името,историјата, културата, јазикот и човечките правдини и права, менување на учебници, казнување за бунт против Царштината, Дворот, апсење, прогон и ликвидација на водачите.

Ете толку не вратија назад предавничката смрдсм и нивните подржувачи и релативизатори.

Затоа треба да надојде Вардар и да ги однесе овие гомна во историскиот кенеф!

Затоа треба да сме половина милион на улиците!

Затоа што не им се плашиме!

Затоа што се кукавици што креваат оружје и рака на голораки луѓе!

Затоа што е ДОСТА! ПРЕМНОГУ Е!

За да бидеме свои на своето!

Затоа што ако ја нема Македонија, нема да има мир!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев бара поддршка од Трамп: Тој треба…

Првиот човек на кабинетот на украинскиот претседател…

НАСА ќе лансира дури три ракети за…

Ракетите ќе ја мерат густината на наелектризираните…

Шмит: Чувствувам дека сум гарант за постоењето…

Високиот претставник на Европската унија во Босна…

Додик повторно најави можност за независност на…

Република Српска (РС) не сака да го…

Пендаровски: Целосен ветинг на судии и обвинители,…

На вториот ден од победничкиот караван, кандидатот…