И Шекеринска и Царовска ќе земаат апанажа

t

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска и поранешната министерка за образование Мила Царовска официјално поднеле барање за апанажа до собраниската Комисија за именување, информираат од собраниската служба.

Доколку барањето им биде прифатено, двете поранешни министерки во следните девет месеци ќе добиваат надомест од државата во износ од платата што ја добивале додека биле на функција.

Претходно, како што информираше собраниската служба, барања за апанажа поднеле и поранешниот министер за земјоделство Аријанит Хоџа, поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров и поранешниот заменик-министер за култура Седет Сулејмани.

Од правото на апанажа се откажаа поранешната министерка за култура Ирена Стефоска, поранешната министерка за труд и социјала Јагода Шахпаска, поранешниот министер за здравство Венко Филипче, како и поранешниот премиер Зоран Заев.

Според Законот за плати и други надоместоци за избрани и именувани лица, доколку некој бил на функција до шест месеци, има право на апанажа од три месеци, а доколку извршувал јавна функција од шест до 12 месеци, тогаш има право на анапажа во рок од шест месеци. Ако, пак, лицето извршувало јавна функција од 12 до 24 месеци, тогаш ќе му се исплаќа апанажа во рок од девет месеци, а доколку било на функција над две години ќе има право на апанажа во рок од една година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…