Објавено на:

Киев објави дека украинската војска влегла во Херсон

t

Војската на Украина денеска влезе во клучниот јужен град Херсон по повлекувањето на руските сили од таму, соопшти украинското Министерство за одбрана.

„Украина ја врати контролата над Херсон, украинските вооружени сили влегоа во градот“, објавија од Министерстрвото на Фејсбук и ги повикаа руските единици што остануваат таму „веднаш да се предадат“.

Украинското МНР денешното повлекување на руската армија на источниот брег на реката Дњепар во Херсонската област окупирана од март го оцени како важна победа.

„Украина во моментов бележи уште една важна победа. Ова е доказ дека што и да каже или направи Русија, Украина ќе победи“, напиша на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…

Крмов: Ние одиме сами против сите и…

Борис Крмов од Левица во емисија на…

Битиќи: На 8 мај сите прогресивни сили…

„Сите прогресивни сили ќе гласаат против ксенофобијата…

Се одложи гласањето на Резолуцијата за Сребреница

Седницата на која на дневен ред беше…

Првата група Рафали пристигна во Хрватска

Првата група од шест повеќенаменски борбени авиони…