Ковачевски му кажал на Вархеји дека сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите

t

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Скопје се сретна со Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување и соседска политика на ЕУ.

На состанокот е разговарано за актуелни прашања поврзани со предизвиците од војната во Украина и за европерспективите на регионот.

Заеднички е констатирано дека европските интеграции на Македонија и на регионот се потреба на државите во регионални рамки, но и на самата Европска унија.

Постои согласност дека сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Македонија, што во спротивно може да остане уште долг период отворено прашање, а тоа не е од полза на ниту една страна.

Премиерот Ковачевски нагласи дека тој останува посветен исклучиво на принципите на почитување на европските вредности и на разговори базирани на респект и достоинство, за што се согласиле со бугарскиот премиер Кирил Петков при воспоставувањето на дијалогот, и дека очекува односи врз таа база.

– Нашата држава ги исполни своите обврски и продолжува да дејствува целосно на линија на политиките на Европската унија, со што уште еднаш покажа дека е достоен партнер на европските држави и заслужува конечно одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ – рече премиерот Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев му одговори на Мицкоски на поканата…

Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и…

ДВЕ КОЛЕШКИ СЕ СТЕПАЛЕ – Инцидент во…

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од…

Зимата не се дава: Еве какво време…

Продолжува периодот на променливо облачно време со…

(Видео) И градоначалникот на Прилеп доби кривична…

Почитувани, Заради постоење основи за сомневање дека…

ЗАХАРОВА НЕ МОЖЕШЕ ДА ПРЕМОЛЧИ, ИТНО СЕ…

Како што истакна министерката за надворешни работи…