Објавено на:

Конечно се докажа дека се мести Евровизија: Во шест земји откриени неправилности, исклучени од гласање

t

Викендов се одржа 66. Избор за песна на Евровизија, кој годинава се одржа во Торино, а на кој победи Украина со песната „Стефанија“.

Иако сѐ изгледаше одлично на малите екрани за време на спектакуларното финале, вистинска драма всушност се одвивала зад сцената пред самото гласање, објави белгискиот јавен сервис ВРТ. Цитирајќи ги своите извори, Белгијците објавија дека членовите на шесте жири ги „размениле“ своите поени и дека однапред се договориле тоа да го направат. Поради тоа, наводно, нивните гласови биле исклучени од гласањето и ЕБУ ги заменила.

Наводно, во прашање се жири-комисиите од Азербејџан, Грузија, Црна Гора, Полска, Романија и Сан Марино.

Европската радиодифузна унија („ЕБУ“) соопшти дека имало неправилности при гласањето на жирито од шест европски земји.

„Во анализата на гласањето на жирито од страна на паневропскиот партнер за гласање на Европската радиодифузна унија, по втората генерална проба на второто полуфинале на Евровизија 2022, утврдени се одредени неправилни шеми на гласање во резултатите на шест земји. За да се усогласи со Упатствата за гласање на натпреварурвање, ЕБУ работеше со својот партнер за гласање за да го пресмета заменскиот резултат за замена за секоја земја во која се сомневаа, и за второто полуфинале и за големото финале.

Сè, како што велат, било пресметано врз основа на резултатите од други земји со сличен записник за гласањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од денеска поскапа регистрација на возилата

Поскапува регистрацијата на возилата од денеска, поради…

Српска листа: Од доаѓањето на Албин Курти…

Нападот и грабежот на Петар Костиќ (20)…

Kурти смета дека местото на Косово е…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Берлин…

Девет железничари во Турција осудени на над…

Судот во Турција осуди деветмина железничари на…

Заменикот МНР на Русија се закани: Полска…

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј…