Објавено на:

Кремљ: Можна е средба Путин-Зеленски со претходни подготовки

t

Кремљ не исклучува одржување средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, но таа треба да биде темелно подготвена за да даде резултати, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Никој не ја исклучува можноста за средба меѓу Путин и Зеленски. Теоретски, тоа е навистина можно, истакна Песков.

Портпаролот на Кремљ, исто така, посочи дека „прво, делегациите и министрите треба да го направат својот дел, за да се погрижат претседателите да не се состанат само за разговори, туку дека средбата што ќе ја одржат ќе постигне резултати“.

-Ставот на Русија не е тајна, тој беше формулиран и претставен на украинските преговарачи. Ги чекаме нивните појаснувања, додаде Песков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото)Вучиќ гласаше на изборите во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утринава гласаше…

Забрана за тешки товарни возла на правците…

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила…

Гужва на Мердаре: Србите од Косово гласаат…

На граничниот премин Мердаре од раните утрински…

Кривична пријава против началникот на белградската полиција!

Против началникот на белградската полиција Веселин Милиќ…