Објавено на:

Куба осуди 381 лице за учество во антивладините протести минатото лето, а некои добија и до 25 години затвор

t

Куба осуди 381 лице за учество во антивладините протести минатото лето, а некои добија и до 25 години затвор.

Канцеларијата на јавниот обвинител соопшти дека 297 граѓани се осудени на затворска казна за немирите, напад или грабеж. Малкумина наместо затвор се осудени на општествено корисна работа, пишува Би-Би-Си.

Илјадници Кубанци учествувале во демонстрациите низ целата комунистичка земја минатото лето, извикувајќи дека сакаат слобода. Ова се најголемите протести во последните децении, поттикнати од тешката економска криза и бесот поради зголемените цени и недостигот на храна и лекови.

Неовластените јавни собири во Куба се нелегални, а повеќе од 1.000 луѓе биле уапсени.

Меѓу осудените имало и 16 лица на возраст од 16 до 18 години. Ова не се првите казни изречени за протестирање. Во март, повеќе од 100 луѓе кои учествуваа во нив биле осудени на меѓу шест и 30 години затвор.

САД и ЕУ ги критикуваа судењата за недоволна транспарентност и повикаа на ослободување на демонстрантите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Трендафилов: Ќе бараме зголемување на минималната плата…

ССМ ќе побара враќање на трошоците за…

Македонските државјани во Србија гласаат на Претседателските…

Македонските државјани во Србија денеска гласаaт на…

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во…

Интегрален текст од соопштение за јавност на…