Курти: Да не беше НАТО на Косово, Србите повторно ќе не масакрираа
Премиерот Албин Курти рече дека луѓето кои стоеле на барикадите на северот на Косово биле донесени со автобуси од Србија и дека меѓу нив имало и маскирани лица со ознаки на Северна бригада, групата Вагнер и Ноќните волци. Тој тврди дека има фотографии и видеа кои сведочат за тоа и наведува дека веќе се испратени до обвинителството, објави Газета експрес.
„Луѓето беа донесени со автобуси од Србија за да ги предводат барикадите. Имаме докази дека тоа се маскирани лица со ознаки на руската група Вагнер, Ноќните волци и таканаречената Северна бригада“, изјави Курти.
Тој додаде дека ќе мора да се воспостави владеење на правото на северот на Косово.
Курти зборуваше и за присуството на НАТО на Косово.
„Да не беше НАТО таму, Србите повторно ќе не масакрираа“, рече тој.
Освен шверцот и криминалот, Курти рече дека на косовскиот буџет најмногу штети и тоа што никој на северот на Косово не плаќа струја.
„Поради ова крвариме финансиски“,додаде Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…
Во Русија нема рецесија, во тек е…
Археолози открија автохтон натпис на сад при…
При последните археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“,…
Николова: Хаос со актите во образование, се…
Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките…
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Европа верува дека Иран го преместил ураниумот…
Прелиминарните разузнавачки проценки сугерираат дека Техеран сè…