Објавено на:

Лавров: Епохален момент во историјата – се води битка за тоа како ќе изгледа светскиот поредок

t

Сегашната ситуација е епохална, се води „битка“ за тоа како ќе изгледа светскиот поредок, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Ова е судбоносен, епохален момент во модерната историја, бидејќи ја одразува „битката“, во најширока смисла на зборот, за тоа како ќе изгледа светскиот поредок“, рече министерот во интервју за телевизијата РБЦ.

На прашањето зошто ситуацијата во Украина не може да се реши по мирен пат, шефот на руската дипломатија одговори дека причината е „што Западот не сака мирно да ја реши ситуацијата околу Украина“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека руско-украинските преговори не се лесни, но дека има надеж за компромис. Според него, бизнис духот почнува да се манифестира во преговорите, што дава надеж дека е можно да се договори прашањето за неутрален статус на Украина.

„Многу се надевам дека ќе надвладее овој деловен дух, кој сега почнува да се манифестира, не веднаш и не лесно. Тој влева надеж дека ќе успееме да се договориме на таа тема“, нагласи рускиот министер.

Во преговорите со Украина има конкретни формулации за кои можеме да се договориме, вели шефот на руската дипломатија. Според него, страните сега сериозно разговараат за неутралниот статус на Украина во преговорите во врска со руските безбедносни гаранции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години…

Побеле Хрватска: Во Горски Котар моментално врне…

Во Горски Котар утрово паѓа снег, камерите…

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата…

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе…

Тетовец измамен, платил преку интернет 21 илјада…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…