Објавено на:

Лавров и се обрати на јавноста: САД ја потчинија Европа како Хитлер и Наполеон – подготвуваат воени планови против Русија, нема да не исфрлат од рамнотежа

t

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и се обрати на јавноста во врска со ситуацијата во Украина.

Москва не може да дозволи заканата од директен напад врз Русија да дојде од територијата на Украина, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Не можеме повеќе да дозволиме заканата од директен напад врз Русија да доаѓа од територијата на Украина“, нагласи тој.

„Сигурен сум дека целиот свет ја слуша Русија, но тешко е да се каже колку добро ќе ја слушaат“, рече Лавров.

Ќе се водат преговори меѓу Русија и Украина, рече тој и изрази уверување дека ќе се најде решение за кризата во Украина, а условите што ги поставува Русија се минимални.

„Секако дека ќе се најде решение, не се сомневам во тоа. Условите кои се минимални за нас се добро познати, тие се разгледуваат во преговорите со украинската страна, како што што се случуваше во Гомел и како што треба да се случи денес“.

Русија е подготвена за дијалог со западните земји само доколку се земат предвид заедничките интереси, рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија рече дека е убеден оти се подготвуваат воени планови против Русија.

Зборуваше за можноста за нуклеарна војна, но за тоа не зборува Русија, туку НАТО и Украина, нагласи тој.

Тој исто така рече дека Русија нема да дозволи никакви провокации да ја исфрлат од рамнотежа.

Според него САД ја потчиниле Европа како Наполеон и Хитлер претходно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицаец фатен со дрога во Охрид, пружал…

На 29.03.2024 вработени во Одделот за внатрешна…

Израел во состојба на висока готовност: Повикани…

Израелскиот јавен радиодифузер КАН во средата објави…

Приведени утре три лица за терористичкиот напад…

Безбедносните сили привеле во Москва, Екатеринбург и…

ЕДЕН ОД УБИЈЦИТЕ НА ДАНКА УЧЕСТВУВАЛ ВО…

Еден од осомничените за убиството на Данка…

(Видео) Бомба на Агелер: Уставни измени пред…

„Имало преседани каде амандмани се гласале за…