Објавено на:

Лукашенко: Не го терајте Путин да користи нуклеарно оружје, тоа би бил крајот на планетата

t

Претседателот на Белорусија и близок сојузник на Путин, Александар Лукашенко, зборуваше за можноста Русија да употреби нуклеарна бомба во војната со Украина. Во интервју за NBC, тој рече дека не верува дека тоа ќе се случи, но го предупреди Западот да не го „провоцира“ Путин.

„Ако човек се најде во ќош, единствениот излез е напред. Затоа не ги поминувајте црвените линии, не можете да ги поминете“, започна Лукашенко, кој присуствуваше на самитот на постсоветските земји што се одржа во Астана, а потоа продолжи со поконкретен тон.

„Доколку има напад, не дај Боже, на територијата на Руската Федерација, Русија може, доколку е потребно, да употреби секаков вид оружје. Претседателот Путин или руското раководство никогаш не си поставиле цел да користат нуклеарно оружје во Украина, само ако Русија е загрозена“, рече тој. Лукашенко потоа предупреди:

„Не го терајте да го прави тоа. Тоа би бил крај на нашата планета. Ако макар и една земја користи нуклеарно оружје, тоа ќе предизвика верижна реакција. Русија тоа многу добро го разбира“.

„Војната може да се реши за една недела“

„Велите дека Путин не победува во оваа војна, но ниту вие“, им рече Лукашенко на новинарите на NBC, додавајќи: „Во моментов 50 земји практично војуваат со Русија на територијата на Украина. Исто така, нема победа на ваша страна. Затоа, мора да бараме излез од оваа ситуација“.

„Сè зависи од САД и Велика Британија“, рече тој. „Ако утре сфатите дека треба да седнеме на преговарачка маса и да најдеме решение, верувајте, решение ќе најдеме за една недела“, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец искршил стакла на банка во Аеродром

Вчера во 09:50 часот на подрачјето на…

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

Европската Унија издвои шест милијарди евра за…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

АТЕНТАТ НА ВИСОК РУСКИ ФУНКЦИОНЕР: Го избоделе…

Гувернерот на областа Мурманск, Андреј Чибис е…

Ванковска: Сè ни одземаа, освен душата –…

Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска, поддржана од партијата…