Објавено на:

Макпетрол се пожали: Намалувањето на маржата ќе предизвика криза со горивата и блокада на eкономијата

t

Ненадејното намалување на маржите за трговија со горива од 4.5 на три денари, односно за 33 отсто, што историски претставува најниска маржа за трговците, создаде непазарни услови кои ќе доведат до криза со снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Имајќи ја предвид нагласено тесната поврзаност на редовната испорака на горивата со нормалното функционирање на општеството, постои сериозен ризик за целосна блокада на економијата, не само на краток, туку и на подолг рок.

– Ваквите мерки, кои што регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ и останатите институции ги носат без никаква консултација со трговците, во овој случај тие со нафта и нафтени деривати, се несоодветни на глобалната криза од која што особено се зафатени компаниите што се занимаваат со снабдување гориво. Овој сектор изминативе недели веќе работи со загуба поради несоодветната методологија за пресметка, што доведува набавните цени да се повисоки од постоечката малопродажна. Со дополнителното намалување на маржите, загубите ќе бидат огромни. Укажуваме дека тоа може да принуди одредени трговци да престанат да продаваат гориво, а тоа е опција која што и „Макпетрол“ сериозно ја разгледува – истакнуваат од компанијата.

Компаниите што снабдуваат нафта и нафтени деривати не можат врз себе да го понесат товарот на вештачко држење на ниска цена на горивата, како социјална категорија. Сепак, станува збор за обврска на државата и на сите мерки што ѝ стојат на располагање, но не на сметка на пазарната логика и приватните компании. Оваа популистичка мерка е неодржлива и може да создаде дополнителна паника меѓу граѓаните, зголемена побарувачка и недостиг на гориво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борел: Помошта за Украина останува блокирана

Министрите за надворешни работи на Европската унија…

Американски Ф-16 се урна во море во…

Американски борбен авион Ф-16 се урнал за…

ПАДНА ВЛАДАТА НА ПОЛСКА: Мнозинството пратеници не…

Долниот дом на полскиот парламент денеска ѝ…

ШЕСТ ДЕНА НИКОЈ НЕМА АБЕР ЗА НАВАЛНИ:…

САД изразија длабока загриженост откако соборците на…

Секое семејство губи до 80 евра: За…

Италијанците фрлаат 500.000 тони храна секоја година…