Објавено на:

Макрон: Нема причина да прифатиме рускиот гас да се плаќа во рубљи

t

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека нема причина да се прифати барањето на Русија за плаќање на рускиот гас во рубли.

-Сите текстови што се потпишани се јасни. Ова е забрането, рече Макрон на прес-конференција по синоќешниот самит на ЕУ во Брисел.

Тој додаде дека „европските компании кои купуваат гас и работат на европска територија мора да го прават тоа во евра”.

-Затоа не е можно да се направи тоа што се бара денеска, тоа не е договорно, изјави Макрон.

Францускиот претседател додаде дека не верува оти Русија сака да ги раскине договорите, но изјави дека, ако е така, тогаш Москва треба тоа да го каже експлицитно, пренесуваат британските медиуми

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВА КОНТАКТНА ЕМИСИЈА НА ИНФОМАКС ОД СРЕДА!

На барање на гледачите од среда, 13.12.2023…

Кавадарци вечерва е најзагаден град во Македонија

Кавадарци, Струмица, Велес, Битола вечерва се меѓу…

Роџерс не ја отфрла можноста за трансфер…

Селтик почнува сѐ посилно да се поврзува…

Сингапур и Цирих најскапи градови во светот

Годишното истражување за трошоците на животот на…

Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот…

Сообраќајот на превојот Плетвар, на магистралниот пат…