Мартовските пензии со дополнителните 1.000 денари ќе почнат да се исплаќаат од 29 март

t

За повеќе од 330 илјади пензионери мартовската пензија ќе биде повисока за 1.000 денари со што се реализира договорената директна интервентна финансиска помош која со истата сума ќе биде вклучена и во април и мај.

Тоа, како што велат од Владата, се дополнителни 3.000 денари само за овие три месеци кои се надоврзуваат на најголемите зголемувања на пензиите досега според усогласувањето од 2,9 отсто во јануари годинава кога пензионерите имаа зголемување од најмалку 460 денари.

-Со ова усогласување, со интервентната финансиска помош, како и со новиот модел за континуиран раст на пензиите, кој ќе започне да се применува со септемвриската пензија, пензионерите оваа година ќе имаат вкупно годишно зголемување во 2022 година од над 10.000 денари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија, се вели во денешното соопштение од Владата.

Мартовските пензии преку мрежата банкомати ќе бидат достапни од 29-ти овој месец, а готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ќе исплаќаат во четири групи според висината на пензијата, и тоа за пензии со висина до 11.000 денари на 29 март (вторник), за пензии со висина 11.001-14.000 денари на 30 март (среда), за пензии со висина 14.001-18.000 денари, на 31 март (четврток) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата ќе се врши на 01.04.2022 година (петок).

Финансиската поддршка, како и зголемувањето на пензиите според новата методологија, ќе бидат исплатени од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со што, како што нагласуваат од Владата, се потврдува неговата стабилност како резултат на добрите економски политики на Владата и на успешното менаџирање на Фондот и креираните резерви.

Сето ова, се потенцира во соопштението, Владата го остварила без да ги зголеми стапките за пензиски придонеси, односно без дополнително оптоварување на бизнисот и низ отворен дијалог со сите засегнати страни со што се постигна одржливо решение за континуиран раст на пензиите, а со тоа и на животниот стандард и квалитетот на живот на пензионерите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон Дер Лајен полека ја губи поддршката…

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер…

Зеленски: Американската помош испраќа порака дека ќе…

Американската помош за Украина ќе испрати порака…

МОН: Ќе се одработува и Самитот на…

Министерството за образование и наука информира дека…

(Фото) Македонија му е во срцето: Ова…

На собирот во Мелник пред неколку денови…

Грција зафатена од прашина од Сахара

Прашина од Сахара денеска ја зафати Грција,…