МВР и персоналот на Амбасадата на САД утре со заедничка вежба за справување во вонредна ситуација
Припадниците на Министерството за внатрешни работи утре ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје.
Вежбата ќе се изведува во Амбасадата на САД. Од МВР соопштија дека како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје.
Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затварање на крстосницата во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот.
-Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Амбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации, се наведува во соопштението на МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џентлменски потег на Пендаровски: “За мене делби…
Актуелниот претседател на Република Македонија и кандидат…
„Ситуацијата станува потешка“: НАТО стравува дека Русија…
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, смета…
Вучиќ: Не смееме и нема да ги…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека…
Полицијата трага по две лица од Скопје,…
Вчера претпладне во 11.00 часот во Полициското…
Мароканец украл камион во Кочани, фатен кај…
Синоќа во 22.25 часот полициски службеници од…