Објавено на:

Медведев: Ако Киев се обиде да го врати Крим, Русија е подготвена да го употреби апсолутно секое оружје

t

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик шеф на советот за безбедност, Дмитри Медведев денеска изјавил дека Москва се подготвува за украинската контраофанзива, по тврдењата на Киев дека руските сили губат замав на фронтот, пишува Гардијан.

„Тие (украинскките сили) се подготвуваат за офанзива, сите го знаат тоа. Нашиот генералштаб врши проценки и подготвува свои решенија – рекол Медведев во интервју за руските медиуми.

Заменик шефот на моќниот совет за безбедност на рускиот претседател, Владимир Путин, рекол дека Москва е подготвена да го „употреби апсолутно секое оружје“, доколку Украина се обиде да го врати полуостровот Крим што Русија го анектираше во 2014 година.

Последната очигледна закана на Медведев за употреба на нуклеарно оружје, како што наведува британскиот весник, доаѓа во време на се позачестените информации кои се толкуваат како признание од страна на Москва дека нејзините сили наскоро може да се најдат во дефанзива во Украина.

Инаку, најавата за контранападот на укранските сили дојде од командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски, според кого на членовите на руската паравоена група „Вагнер“, кои биле на фронтот заедно со руските сили во Украина, „им недостасува сила“.

Во видео-интервју објавено на неговите канали на социјалните мрежи во четвртокот, шефот на групата „Вагнер“, Пригожин, предупредил дека Украина планира да ја опколи паравоената единица во Бахмут и да се пробие напред кон Црното Море во делумно окупираниот регион Запорожје.

Тој тврди дека Украина концентрирала повеќе од 80 000 војници околу градот.

Додека стигнуваат ваквите најави, цел на руските воздушни напади изминатата ноќ беше североисточниот регион Суми.

Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на украинското претседателство, денеска на Твитер објави видео, од како што вели, последиците од рускиот воздушен напад на градот Билопилија, во регионот Суми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокат по грешка развел погрешна двојка

Мала компјутерска грешка во адвокатска фирма специјализирана…

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Во центарот на Славонски Брод во попладневните…

ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО ВО ЗАТВОРИТЕ, НА БОЛНИТЕ И…

Вкупно 14-те гласачки места во казнено поправни…

(Фото) Апасиев се огласи со оптимистички пораки…

Апасиев се огласи на социјалните мрежи со…

11 лица незаконски работеле на Токсикологија

5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант…