Министерките за култура на Србија, Албанија и на Македонија на прошетка во старото јадро на Охрид

t

Во рамките на самитот на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, што се одржува вчера и денеска во Охрид, вчеравечер дел од високите гости од регионот имаа можност да се запознаат со културните знаменитости во старото јадро на Охрид.

Ноќната прошетка на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерките за култура на Албанија, Елва Маргарити, и на Србија, Маја Гојковиќ, како и на министрите во Владата Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Крешник Бектеши, и на директори на сродни институции од иницијативата, започна од Античкиот театар, преку Галеријата на икони и Куќата на Робевци.

Гостите беа запознаени и со една од најпрепознатливите техники за изработка на охридскиот бисер преку традицијата што ја негува охридското семејство Филеви.

Драго ми е што моите колешки министерки се воодушевија од Охридскиот бисер, кој е симбол на Охрид. Сакавме пред почетокот на самитот, како добри домаќини, да го почувствуваат градот навечер преку запознавање на нашите културни споменици, особено архитектурата која има посебно место во македонското културно наследство, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

На денешната панел-сесија на тема „Отворен Балкан, отвора култура”, воведно обраќања ќе има вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, кој со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, со Елва Маргарити, министерка за култура на Албанија и со Маја Гојковиќ, вицепремиерка и министерка за култура и информирање на Србија, ќе дискутира за важноста на културата во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ контра Османи: Отворен Балкан и сите…

Не стивнуваат реакциите по вчерашното скандалозно однесување…

Боки 13 ја најави првата прес-конференција: Нови…

Осудениот за предметот „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13…

Тажна вест: Почина познатиот спортски новинар

По кратко боледување во Скопје почина нашиот…

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во…

Американските власти вчера уапсија маж од Оклахома…