Министерот Мисајловски на средби во Пентагон

t

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски кој ја предводи македонската делегација за време на работната посета на Соединетите Американски Држави, придружуван од началникот на Генералштабот, генерал мајор Сашко Лафчиски, во Пентагон оствари средба со Аманда Дори, потсекретар за одбранбена политика, соопштија од МО.

Потсекретарот за одбранбена политика, Аманда Дори ги истакна цврстите билатерални односи меѓу двете земји, искажувајќи ја подготвеноста за продлабочување на меѓусебната соработка. За време на средбата од страна на потсекретарот Дори беше изразено задоволство за нашата посветеност за модернизација на македонската Армија и за подготвеноста за справување со заедничките одбранбени предизвици, како членка во НАТО Алијансата. На средбата министерот Мисајловски се заблагодари за поддршката од САД во процесот на модернизација и опремување и порача дека остануваме целосно посветени на заедничката соработка, согласно Патоказот за соработка во одбраната кој е израз на нашите заеднички одбранбени цели. Мисајловски истакна дека помошта и поддршката која ја добиваме од САД е од големо значење, во насока на зајакнување на националните одбранбени капацитети, модернизација на Армијата и исполнување на меѓународните обврски. По средбата во Пентагон, министерот Мисајловски го посети Меморијалниот центар „Арлингтон“ во Вашингтон, каде оддаде почит на загинатите американски војници и положи венец на Гробот на незнајниот војник, истакнуваат од МО.

Во рамки на посетата, државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова и началникот на Генералштабот, генералот Сашко Лафчиски, остварија средба со Треша Гуенов, главен заменик на помошникот секретар за одбрана за меѓународна безбедност, на која се дискутираше за модалитетите за зајакнување на одбранбената соработка, додаваат од министерството за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Мисајловски на средби во Пентагон

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски кој ја…

Трамп ја повтори критиката до Зеленски бидејќи…

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател,…

Русија во текот на ноќта со дронови…

Русија во текот на ноќта изврши напад…

Доларот зајакна, цените на нафтата паднаа втор…

На девизните пазари во раното прет пладневн…

Дали е неизбежна тотална војна меѓу Израел…

Немилосрдната размена на оган меѓу Израел и…