Мицкоски: Македонските вина ќе станат неодолив дел од европските трпези

t

На македонската вечер од меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград премиерот Христијан Мицкоски истакна дека македонските вина се меѓу најубавите во Европа и пошироко. Тој, како што јави известувачот на МИА, истакна дека овој саем е одлична можност за македонските винарии да создадат нови контакти и да отворат нови пазари, особено во држави каде што македонските вина не се присутни.

Премиерот е уверен дека македонските вина ќе станат неодолив дел од трпезата на домаќинствата во тие држави.

– Овој Саем на вино и организацијата која што ја води истиот е навистина добра можност за македонските винарии за создавање нови контакти, отворање нови пазари бидејќи има држави коишто се присутни каде што македонските вина не се присутни на пазарот. Јас сум убеден дека кога еднаш ќе се појават на тој пазар ќе станат неодолив и неодминлив дел од трпезата на домаќинствата во тие држави, рече премиерот во изјава за медиуми по отворањето на македонката вечер.

Во фокус на разговорите на неговите денешни средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Србија, Милош Вучевиќ беа инфраструктурните проекти на коридорот 10.

– Акцентот е ставен на брзата пруга која што има за цел да ја поврзе Централна Европа со грчките пристаништа, а ние како држава сме неодминлив дел од таа рута, така што генерално тоа беше тема на муабет и тема на разговорите кои ги водевме. Мислам дека има голема перспектива и многу блиску сме до изнаоѓање на решение кое што ќе биде дел од она што јас секогаш го споменувам, а тоа е како да бидеме држава која што својата економска иднина, но и стратешка иднина ја темели на три столба коишто се своевидна раскрсница, едната е транспортна, а другата е железничка и третата е раскрсница во енергетска смисла на зборот, изјави Мицкоски.

Тој ја гледа иднината на Македонија како земја која, иако нема излез на море, може да ја искористи својата геостратешка положба преку изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10, кои природно се пресекуваат на територијата на Македонија.

– Овие проекти ќе ја зголемат важноста на Македонија во регионот и ќе ја претворат во значаен центар во овој дел од светот, рече Мицкоски, кој се обрати и на отворањето на саемот.

Во врска со прашањето за Отворен Балкан и нерешените проблеми со метежот на граничните премини, Мицкоски рече дека овие теми ќе се разгледуваат дополнително.

Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.

Во состав на македонската делегација на саемот се и Љупчо Димовски заменик-претседател на владата за политички систем, Иван Стоилковиќ, заменик-претседател на владата и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев, генерален секретар на владата на Република Македонија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев, министер за јавна администрација и Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако не се залагате ќе ве пратам…

Рубен Аморим го започнува својот мандат на…

Зајкова предлага референдумско изјаснување за отповикување градоначалници

Либерално демократската партија (ЛДП) предлага со референдумско…

Мицкоски: Македонските вина ќе станат неодолив дел…

На македонската вечер од меѓународниот саем за…

Вучиќ се огласи за штрајкот со глад…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по посетата…

Први снимки од хаосот на аеродромот по…

Лондонскиот аеродром Гетвик беше евакуиран поради потенцијален…