Мицкоски: Најновото покачување на цените на горивата е жесток социјален удар врз граѓаните, владата итно да ја прифати мерката за намалување 50% на акцизата за горивата

t

Власта јавно кажа дека знаеле за агресијата врз Украина пред 4 месеци, што значи дека одговорна власт би се подготвувала за ценовен и економски шок, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Но, тие пропуштија да се занимаваат со тоа што е најважно за граѓаните, нивниот стандард.
Она што денес се случува во Македонија не е одраз на војната во Украина, туку последица на неспособната Влада.
Поскапувањето на бензините е жесток социјален удар врз граѓаните во секој поглед, врз вработените, невработените, земјоделците, индустријата, стопанството.

Не е време за изговори. Владата итно да се откаже од половина од акцизата која ја добива од горивата и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој е заглавен низ собраниските лавиринти за намалување за 50 проценти на акцизата. 43% од цената на бензините се давачки кон државата за секој литар гориво.

Да се намали ДДВ за храна. Наместо 5 проценти даночна стапка за храна, да е нула проценти и бараме за парното да се намали на нула, пишува Мицкоски на Фејсбук и додава:

„ДДВ-то на електричната енергија до крај на годината да остане на исто ниво на 5%
И многу важно, раст на платите во јавниот сектор преку усогласување на коефициентот на тежина на работната сила со веќе договореното со колективните договори.

Пари во буџетот има, нека престанат да крадат, нека се стопираат непродуктивните трошења, набавките за златни чинии, нека се контролираат јавните трошења“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање…

Во планинските подрачја утре ќе има краткотраен…

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку…

Украина наскоро ќе престане да постои доколку…

Хаос во Ерменија: На протестот за разграничување…

Ерменската полиција приведе до 100 демонстранти кои…

Џафери – Лапсли: Македонија е ценета членка…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат…

Таткото на Вања со нова жалба пред…

Врховниот суд денеска одржа јавна седница по…