Можно е да има нови избори во Тетово

t

„Друго решение нема и Советот на општина Тетово треба да оди на реизбор“, изјави првиот човек на општината Билал Касами. Тој рече дека во текот на денот го информирал Министерството за локална самоуправа за фактичката состојба во Советот и за неодобрувањето на завршната сметка, пренесува Алсат.

„Откако ја констатиравме оваа состојба веќе немаме простор за дејствување. Релевантните институции се тие што треба да донесат одлука и да ни дадат дополнителни насоки“, вели Касами.

Касами вели дека не го интересираат избори, но ако се наметнат, не може да се избегнат.

„Граѓаните се уморни од предвремени избори, особено во Тетово. Но, во овој случај, ако некој сака да прави политика таму каде што не треба да се прави со одбивање на завршната сметка, секој треба да одговара во рамките на обврските што ги презел како советник“, додава Касами.

Според Законот за локална самоуправа, една од главните причини поради која се разрешува општинскиот совет е токму неодобрувањето на завршната сметка. Ова според Касами до 31 март не било направено бидејќи не била прифатена како точка на дневен ред од советниците. Локалната самоуправа е должна да ја извести Владата во рок од 7 дена додека извршниот орган треба да одлучи за нови избори. Собранието потоа треба да го соопшти датумот кога Советот на општина Тетово ќе излезе на гласање.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…