МТСП со најново соопштение: Ќе работат ли градинките во време на штрајк?
Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста и родителите дека сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и до сега.
-Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Македонија и Законот за заштита на децата на Република Македонија, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата.
Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк, стои во соопштението на МТСП и се додава:
„По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.
За Министерството за труд и социјална политика, грижата за најмладите, децата е приоритет, а заштитата на нивните права, наша заедничка одговорност“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Одиме на победа на Стево Пендаровски…
„Ние очекуваме прво победа на претседателскиот кандидат…
Вработените во културата не добија никаква плата,…
Доколку до крајот на денот не биде…
„Тајмс оф Израел“: Америка ја прифати операцијата…
Соединетите Американски Држави го прифатија планот на…
Маричиќ контра Османи: Отворен Балкан и сите…
Не стивнуваат реакциите по вчерашното скандалозно однесување…
Полицијата фатила прилепчанец и битолчанец додека цртаат…
На 17.04.2024 во 02.00 часот на подрачјето…