Објавено на:

НАТО-ден: Државниот врв заедно со амбасадорката Брнз ќе го одбележуваат денот на НАТО

t

Евроатлантскиот Совет на Македонија во соработка со Министерството за одбрана, Едукативниот Центар М6 и НАТО Секторот за јавна дипломатија од Брисел, денеска го организира традиционалниот настан „Денот на НАТО – 4 Април“.

Станува збор за активност на Евроатлантскиот Совет на Македонија која покрај одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор и формирањето на НАТО, служи како настан чија цел е да ја информира пошироката јавност за развојот на настаните на глобално ниво, придонесот на државава и бенефитите од членството во Алијансата.

На настанот се презентираат и реформите и напредокот на годишно ниво, со посебен осврт на Армијата. Оваа година, како што соопштија организаторите, посебен фокус на настанот ќе се стави на пандемијата и војната во Украина, во пресрет на Самитот на НАТО во Мадрид.

Најавени се обраќања на претседателот на Евроатланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани, премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва: Киев загуби 160.000 војници за шест…

Оваа година, главната цел на руските вооружени…

Нови протести на опозицијата во Белград поради…

Пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК)…

Дали знаете дека 21 декември е најдолгата…

Вечерва во 22:48 часот официјално започнува зимата,…

Маричиќ: Инвестирани 813 милиони евра преку ИПА,…

Самиот процес на интеграција носи повеќе за…

Скопјанка нападната од вонбрачниот партнер

На 20.12.2023 во 20:10 часот во СВР…