На 5 јуни поглаварот Стефан ќе сослужува со вселенскиот патријарх?!

t

На празникот Св. Тројца на 5 јуни годинава, поглаварот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА) г.г Стефан ќе ја одржи првата заедничка богослужба со вселенскиот патријарх Вартоломеј во Цариград.

Ова го најави бугарскиот весник „Дневник“ на својата веб-страница со текст посветен на црковните состојби по канонското признавање на МПЦ-ОА од страна на Вселенската патријаршија, која ја повика црквата од Скопје да го бара решението за автокефалност низ дијалог со Српската православна црква (СПЦ).

– Ниту ја потврдувам, ниту ја демантирам ваквата информација – изјави за Пресинг ТВ портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, владиката Тимотеј.

Во текстот не се споменува децидно местото на заедничкото богослужење, но најверојатно тоа ќе биде во Царигардската патријаршија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари најави повлекување од политиката доколку изгуби…

Претседателскиот кандидат на коалицијата ВРЕДИ, во која…

Убиецот на Данка изјавил: Не се сеќавам…

Полицијата денеска ја продолжува потрагата по телото…

Приведени братот и таткото на еден од…

Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се во…

Бајден го посети местото на несреќата во…

Американскиот претседател Џо Бајден го посети местото…

Вархеји: Исплатата на првите средства од Планот…

Планот за раст на Западниот Балкан вклучува…