Нема криза за функционерите: Сопругите на Ерол Муслиу и Фатмир Битиќи поделиле 600 илјади евра од меѓународни фондови?

t

Невладините организации на сопругите на вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи и на директорот на агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу заедно со други две организации поделиле пари од странски фонд во висина од над 600 илјади евра, обвинува новинарот Горан Момировски.

Според него има документи кои покажуваат дека станува збор за пари кои се од странски фонд наменет за поддршка во битката со насилен екстремизам и тероризам. Но, одлуката на функционерите која организација да ги добие странските пари според истражувањето на Момировски била клучна.

„Вицепремиерот Битиќи бил дел од владата која што одлучувала по документи поврзани со овие 618 илјади евра и тој не се изземал при решавањето. Во најмала рака треба да се испита како е можно сопруги на двајца од топ 20 функционери во државата да ги добијат овие стравични пари“, вели Момировски.

„Доколку господинот има докази за проневера на меѓународна, повторувам меѓународна организација нека ги изнесе. До тогаш за мене оваа тема е затворена“, вели Битиќи за Алсат.

Сопругата на директорот на агенцијата за разузнавање, Афродита Муслиу ги препратила новинарите на Алсат до невладината Македонски центар за меѓународна соработка, кој биле координатори на проектот. Од таму изјавија дека псоочените информации од страна на новинарот се неточни. Целиот износ го има договорено МЦМС и ќе користи 60 проценти од средствата. Посочените организации се мали партнери. Момировски за случајот, го известил и обвинителството и антикорупциската комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…