Објавено на:

Непознат маж во Виена пукал во воз во подземната железница

t

Како што информираа од виенската полиција, а денеска објави весникот Österreich, синоќа нешто по 22 часот на подземната станица Friedensbrücke во Виена, непознат маж, според полицијата, пукал од пушка во воз што доаѓал во метрото, а потоа избегал.

Како што е констатирано на лице место, искршени се две стакла на влезната врата на еден од вагоните на подземната железница, пишува Fenix’ Magazine.

Портпаролката на виенската полиција Барбара Гас го потврди случајот, истакнувајќи дека „не е сосема сигурно“ дали истрелот бил испукан од пишка бидејќи на местото на настанот не биле пронајдени куршуми. Затоа, според истиот извор, не е исклучено нападот на метрото да бил извршен со некое друго огнено оружје или камен испукан од прачка.

Според медиумите, полицијата сега е на потег, со надеж дека нивните истражители, откако ќе ги прегледаат снимките од видеото или камерите поставени на сите станици на метрото, наскоро ќе го откријат сторителот на оштетувањето на вагоните на метрото. А казната за стореното (не) дело секако нема да биде мала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЛДП: Салиу некогаш не бил обвинет за…

Ваквото недостоинствено апсење на новинарот Фуркан Салиу…

Маричиќ за апсењето на Салиу: Денес е…

Денес е Фуркан, утре може да е…

Јакимовски со поддршка за Фуркан: Џабе го…

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски го осуди денешното…

АВМУ го повикува МВР во најскоро време…

Во врска со случајот поврзан со новинарот…

Таравари: Го осудувам апсењето на Салиу и…

Го осудувам апсењето на новинарот Фуркан Салиу.Според…