Објавено на:

Обама: Путин отсекогаш бил безмилосен кон својот народ, како и кон другите

t

Рускиот претседател Владимир Путин постапува на нов непромислен начин во врска со инвазијата на Украина, изјави поранешниот американски претседател Барак Обама во интервјуто емитувано денеска на Ен-Би-Си.

-Путин отсекогаш бил безмилосен кон својот народ, како и кон другите. Тој отсекогаш бил некој кој е завиткан во извртено, искривено чувство на неправичност и етнички национализам, рече Обама. – Тој дел од Путин, мислам, отсекогаш бил таму.

-Но, она што го гледаме со инвазијата на Украина е дека тој е невнимателен на начин што можеби не го очекувавте пред осум, 10 години, но опасноста секогаш беше тука, оценува Обама.

Поранешниот претседател одби директно да одговори на прашањето дали, во ретроспектива, би постапил поинаку додека бил на функцијата, вклучително и кога Русија го анектираше Крим во 2014 година.

Наместо тоа, тој рече дека е важно „да не ја земаме сопствената демократија здраво за готово“ и „да се залагаме и да се усогласиме со оние кои веруваат во слобода и независност“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Свети Василиј Паријски

Овој добродетелен маж во времето на иконоборството…

ДИК (обработени 99%): Предност од 179.933 гласови…

Државната изборна комисија ги објави резултатите по…

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…