Ова е осомничениот убиец на Денис Тот: Бил осуден за производство на дрога за силување

t

Ангело Ѓоргиевски, првоосомничениот за претепувањето на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој почина како последица на повредите е повеќекратен деликвент осудуван за трговија со дрога во Словенија, дознава 24 Инфо.

Ѓоргиевски, кој е роден во Марибор, во јуни 2016 година во центарот на градот направил тешка сообраќајка. Ѓоргиевски со својот автомобил „фиат пунто“ удрил во пет паркирани автомобили и избегал, но набргу бил фатен од полицијата.

Тогаш мариборските криминлисти влегле во трага на бандата дилери на дрога, меѓу кои и нашинецот. Во октомври истата година во Шентиљ полицијата открила лабораторија за производство на синтетички дроги. Меѓу другото имало и ГБХ (гамахидроксибутират) кој спаѓа во категорија на депресори на нервниот систем или средство за успивање и позната како дрога за силување. Во лабораторијата биле запленети амфетамини и марихуана.

По него е распишана централна потерница, што значи дека полицијата смета дека тој е во земјава. Но ако се има во предвид дека живее во странство, не е исклучено тој да ја напуштил земјава.

Од Кривичниот суд Скопје денеска потврдија дека е одредена мерка притвор за уапсените А.К. (22) и К.Л. (19) кои се снимени од камерите како заедно со Ѓогиевски го напаѓаат Тот кој не пружал никаков отпор.

Извор: 24 Инфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бочварски: Убеден сум дека контролорите на летање…

Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски…

Ковачевски најави средба со Мицкоски за техничката…

Техничката Влада е законска одредба и немојте…

Зеленски: Војската бара уште половина милион луѓе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа вчера дека…

Украина ја чека „многу тешка зима“

Администрацијата на САД „апсолутно“ стои со Украина,…

СДСМ има кандидати кои ќе ги победат…

СДСМ ќе ги победи Мицкоски во единица,…