Објавено на:

Ова се условите што Русите му ги претставија на Западот за да се стави крај на војната во Украина

t

Како услов за ова, Бајден посочи дека Путин мора да покаже подготвеност да најде начин да стави крај на војната во Украина

Русија го условува почетокот на мировните преговори за прекин на нападот врз Украина со признавање на руската анексија на украинските територии.

Кремљ соопшти дека отежнувачка околност е што Западот не сака да ги признае “новите територии“ анектирани од Украина.

Руската декларација следеше откако американскиот претседател Џо Бајден на 1 декември изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Како услов за ова, Бајден посочи дека Путин мора да покаже подготвеност да најде начин да стави крај на војната во Украина.

Тој го изјави ова по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Белата куќа. Макрон рече се согласиле дека нема да бараат од Украинците да се согласат на компромис што не е прифатлив за нив.

Како што јави Би-Би-Си, дипломатските активности за ставање крај на агресијата врз Украина следеа неколку месеци во кои немаше знаци дека тоа ќе се случи. Поконкретно, следеа откако руската армија беше принудена да се повлече од јужните делови на Украина, т.е. откако украинската војска ги ослободила тие територии.

Германскиот канцелар Олаф Шолц имал телефонски разговор со Путин за прв пат од септември. Тој во едночасовниот разговор го повика претседателот на Русија да најде дипломатско решение за што побрзо завршување на војната. Путин го повика Шолц “да го преиспита пристапот во контекст на украинските настани“.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, пред разговорите меѓу Шолц и Путин се пожали дека европските земји не направиле ништо конкретно во однос на условите на преговорите, јавува Би-Би-Си.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За сечиј вкус: Атомски фудбал вечерва во…

Вкупно десет гола и еден куп возбудувања…

Груевски: Жалам што после седум години ветување…

Пишува Никола Груевски на социјалните мрежи: УНИВЕРЗАЛНА…

Салиу: Ако нешто ми се случи одговор…

Вчера на емисија на национален медиум Драган…

Николас на 7 години е убиен додека…

Тогаш седумгодишниот Николас заминал на одмор со…

ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ИТАЛИЈА: Сè…

Три лица загинаа во експлозија во хидроцентрала…