Објавено на:

Одговорот овојпат ќе биде пожесток: Иран не сака војна, но е принуден да реагира, вели иранскиот претседател

t

Иран „не бара војна“, но Израел го принудува да реагира, рече иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Говорејќи на прес-конференција во Доха, Катар, тој предупреди дека Иран „ќе даде пожесток одговор“ доколку Израел возврати на вчерашните напади.

Тој рече дека целта на Израел е да шири насилство во регионот и го обвини Израел дека не сака мир, додека, според него, Иран сака да го спречи и запре насилството.

Извори од израелската влада најавија дека Тел Авив размислува за силна одмазда, вклучително и со напад врз нафтените постројки на Иран. Аналитичарите сметаат дека САД ќе пробаат да го разубедат Израел во големината на операцијата.

Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани денеска изјави дека кризата на Блискиот Исток е „колективен геноцид“ и дека неговата земја секогаш предупредувала за „неказнувањето“ на Израел.

Стана кристално јасно дека она што се случува е геноцид, заедно со претворање на Појасот Газа во област непогодна за човечки живот, како подготовка за раселување – рече тој за време на самитот на Азискиот дијалог за соработка во Доха.

Либанскиот амбасадор во Велика Британија за Би-Би-Си изјави дека „Израел го избра патот на ескалација во многу нестабилен и опасен регион. Ја отвори Пандорината кутија“. Рами Мортада вели дека „Либан сака дипломатско решение“, но дека „жешките глави во Израел избрале поинаков пат“.

Израел главно ги концентрираше своите воздушни напади на југот и на истокот на Либан, како и на јужните предградија на Бејрут, каде што се главните упоришта на Хезболах.

Најмалку 6 луѓе загинаа во денешниот израелски воздушен напад врз центарот на главниот град на Либан, Бејрут. Израелската армија (ИДФ) соопшти дека извршила прецизен воздушен напад врз зграда во квартот Бачура, кој е во близина на Парламентот.

Според „Гардијан“, израелската војска погодила медицински центар на Исламската здравствена организација поврзана со Хезболах, што е втор воздушен напад врз центарот на Бејрут оваа недела.

Околу 15 членови на Хезболах се убиени во напад во јужен Либан, соопшти израелската војска, додавајќи дека борците биле убиени во напад на општинската зграда во Бинт Џбеил. Се вели дека милитантна група оперирала и складирала големо количество оружје во зградата.

Сè повеќе земји се подготвуваат да ги евакуираат своите граѓани од Либан и ги повикуваат оние кои останале да ја напуштат земјата поради ескалацијата на ситуацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре невреме во Македонија – ќе има…

Денес ќе дува умерен а долж Повардарието…

Одговорот овојпат ќе биде пожесток: Иран не…

Иран „не бара војна“, но Израел го…

Целосно изгаснат пожарот во Чаир, состојбата во…

Утрово во 06.00 часот е добиена информација…

ЦУК: 1 656 повици на 112 во…

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК)…

(Видео) Што мисли АФД за Македонија? Германски…

Сегашната германска надворешна политика може да се…