Објавено на:

Орбан без ракавици! – Самоубиствен бран се движи кон „западниот свет“

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на својата инаугурација го осуди „самоубиството“ на Западот и ја повтори својата „црвена линија“ за санкциите против Русија, пишува Данас.

Самоубиствен бран се движи кон „западниот свет“, кој експериментира со голема програма за размена, рече Орбан, мислејќи на теоријата на заговор популаризирана од екстремната десница, според која елитите организираат замена на европското население со неевропски имигранти.

Оваа програма сака да ги замени христијанските деца кои се на пат да исчезнат со мигранти од други цивилизации и на ист начин гледам на лудило на теориите од тој тип, додаде тој.

Орбан, чија партија извојува убедлива победа на парламентарните избори на почетокот на април, претходно положи заклетва по четврти последователен мандат, откако беше реизбран со 133 гласа од вкупно 199 во парламентот.

Тој ја претстави Унгарија како „пристаниште на здравиот разум“ каде што „Божјиот благослов е важен“ и заедно со Полска како последно упориште на конзервативниот христијански Запад, додека, како што рече, „ЕУ крева раце“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИРЕКТОР НА ЦИА ПРЕДВИДУВА ПОРАЗ НА УКРАИНА…

Првиот човек на ЦИА предупредува дека Украина…

Мартинез доби два жолти, но не беше…

Необичен момент се случи на мечот меѓу…

Вучиќ му порача на Западот: Срам да…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави…

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на…

„Просечната пензија ќе биде 30.000 денари, што…

Апсење во Гази Баба среде бел ден:…

18-годишник вчера среде бел ден бил уапсен…