Објавено на:

Откриена најголемата бактерија на светот, може да се види и со голо око?

t

Научниците ја открија најголемата бактерија во светот што може да се види и со голо око. Таа е најдена во карипско мочуриште на архипелагот Гвадалупе каде што расте мангрова дрво, објави денеска во списанието „Сајенс“ (Science). 3а илустрација, истражувачите ја споредуваат со паричка со просечна големина.

– Издолжената бела бактерија (со филаментозен облик) е голема колку човечка трепка, што ја прави најголемата бактерија позната досега, истакна Жан-Мари Волан, морски биолог од Националната лабораторија „Лоренс Беркли“ во САД и еден од авторите на трудот.

Оливие Грос, биолог на Универзитетот на француска Западна Индија и Гвајана, во 2009 година го пронашол првиот примерок на оваа бактерија, чие живеалиште се потопени лисја од мангрови дрвја. Бактеријата долга околу 0,9 сантиметри е наречена „Тиомаргарита магнифика“ (Thiomargarita magnifica) или – „величествен сулфурен бисер“.

Грос тогаш не знаел дека организмот е бактерија. Дури подоцна генетската анализа покажала дека организмот е една бактериска клетка.

Во мочуриштето тој ја пронашол бактеријата прикачена на школки остриги, камења и стаклени шишиња. Научниците сѐ уште не успеале да ја одгледаат бактеријата во лабораторија, но велат дека нејзините клетки имаат структура што не е вообичаена за бактериите.

Научниците не се сигурни зошто бактеријата е толку голема, но Волан шпекулира дека тоа би можело да биде поради нејзината адаптација – за да не ја јадат помалите организми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Потребна ни е промена во Брисел!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на…

(Видео) Пендаровски: На сите странци им ветуваат…

„Во Скопје, во Македонија доаѓа нивниот пријател…

Советот на Европа бара од Владата на…

На барање на Советот на Европа, на…

Јакимовски: Османи води жирафа политика – Ќе…

- Мене ми е жал што господинот…

Продолжи судењето на Додик, повтори дека е…

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, во…