Павле Трајанов повторно најавува можно напуштање на мнозинството, ако нема една изборна единица

t

Покрај Трајанов, и пратеничките од ЛДП и ДОМ, се потписници на истиот предлог-закон за една изборна единица, но не се согласуваат со него за порадикален пристап.

Ако набрзо не продолжи расправата во Собрание за една изборна единица, неколку пратеници од власта ќе иницираат предвремени парламентарни избори, тврди пратеникот од Демократски сојуз Павле Трајанов, без да открие кој освен него е за напуштање на власта во знак на револт од неоствареното ветување. За измените во Изборниот законик треба да седнат на маса и претседателите на најголемите партии, Ковачевски и Мицкоски, вели Трајанов, кој смета дека во иднина ќе биде бесмислено тој да биде дел од владејачкото мнозинство. Неодамна рече дека и дава шанса на Владата поради војната во Украина, но сега според него веќе нема причина за одложување.

Покрај Трајанов, и пратеничките од ЛДП и ДОМ, се потписници на истиот предлог-закон за една изборна единица, но не се согласуваат со него за порадикален пристап. Зајкова и Морачанин за Канал 5 велат дека планот за напуштање на мнозинството е личен став на Павле Трајанов. Неофицијално тој се надева на поддршка од пратениците од ВМРО- Народна партија и Партијата на Турците. Претседателот на Демократски сојуз смета дека е потрошено многу време на собраниските процедури.

Канал 5 побара, но не доби одговор од претседателот на Собранието, зошто се уште измените на Изборниот законик не се нашле на пленарна седница. Следниот чекор е организирање на јавна дискусија, по која пратениците ќе можат да понесуваат амандмани. Засега начелно за една изборна единица се и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а против се изјаснија од Алијанса за Албанците. Ставот на ДУИ пак е дека за било какви измени од Изборниот законик, неопходен е консензус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За сечиј вкус: Атомски фудбал вечерва во…

Вкупно десет гола и еден куп возбудувања…

Груевски: Жалам што после седум години ветување…

Пишува Никола Груевски на социјалните мрежи: УНИВЕРЗАЛНА…

Салиу: Ако нешто ми се случи одговор…

Вчера на емисија на национален медиум Драган…

Николас на 7 години е убиен додека…

Тогаш седумгодишниот Николас заминал на одмор со…

ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ИТАЛИЈА: Сè…

Три лица загинаа во експлозија во хидроцентрала…